• четврток, 26 декември 2024

По римскиот мурал, Мурињо доби и „специјален“ сладолед

По римскиот мурал, Мурињо доби и „специјален“ сладолед
Рим 11 мај 2021 (МИА) – Откако минатата недела доби мурал во римската населба Тестачио на кој е прикажан како во одело вози „веспа“, португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо, кој од јули го презема италијанскиот прволигаш Рома, доби и сладолед, наречен „Специјален“ (Special One). Сладоледот што го носи тренерскиот прекар на Мурињо е со вкус на манго и јагода, а го изработува една римска слаткарница, јавија денеска италијанските медиуми. Мурињо минатата недела потпиша тригодишен договор со Рома и од стартот на новата сезона се враќа во Италија по пауза од 11 години и шампионската титула што ја освои како тренер на Интер, во чии редови тогаш настапуваше и македонскиот репрезентативец Горан Пандев. ег/

Остани поврзан