• сабота, 23 ноември 2024

По разделбата со „Најки“, Тајгер Вудс со нова линија облека

По разделбата со „Најки“, Тајгер Вудс со нова линија облека

Лос Анџелес, 13 февруари 2024 (МИА) - Тајгер Вудс ја лансираше својата нова линија на облека, сега во соработка со американската компанија за производство на спортска опрема „Тејлормејд“ (TaylorMade), а по крајот на 27-годишната соработка со „Најки“.

Познатиот голфер и самиот облечен во брендот „Сан деј ред“ (Sun Day Red), ќе ја промовира својата облека. Логото, амблем во облик на тигар, се состои од 15 ленти, колку што „Мејџор“ титули има освоено 48-годишниот спортист. (Видео)

- Ова е вистинското време во мојот живот... Веќе не сум дете. Сакам да имам бренд на кој сум горд и со којшто ќе одам напред. „Неделната црвена“ (боја) (Sun Day Red) - тоа сум јас!, рече Вудс на промоцијата во Лос Анџелес.

Тој притоа ѝ се заблагодари на мајка сѝ за поттикот и поддршката околу новиот потфат.

Вудс својот прв натпреварувачки настап во 2024 година ќе го има во „Ривиера кантри клубот“ - на турнир со добротворна цел - собирање парични средства за фондацијата на спортистот.  си/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан