• среда, 25 декември 2024

По проверките утврдено е дека се лажни дојавите за бомби во Управен суд, музеите и девет скопски училишта

По проверките утврдено е дека се лажни дојавите за бомби во Управен суд, музеите и девет скопски училишта

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Лажни се пријавите за поставени бомби во Управен суд, Музеј на македонска борба, Археолошки музеј, хотел Александар палас, СЦ Борис Трајковски и девет училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Ова било утврдено по направените потребни проверки, а во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа.

Претходно МВР соопшти дека завршија проверките и во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг каде исто така беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.

-Министерството продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста, наведуваат од МВР. 

До МВР утрово пријави за добиени заканаи за експлозивни направи на нивните електронските адреси пријавијавиле од Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.  Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје. Од полициски службеници се преземени мерки веднаш по добиените пријави, и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Вчера, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави. мс/нд/

 

Остани поврзан