• среда, 18 декември 2024

По првата седница на новиот полски Парламент премиерот Моравјеци понуди оставка на владата

По првата седница на новиот полски Парламент премиерот Моравјеци понуди оставка на владата

Варшава, 13 ноември 2023 (МИА) - Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска ја понуди оставката на својата влада затоа што новоизбраниот полски Парламент денеска ја имаше првата средба по изборите што се одржаа минатиот месец.

Американските медиуми наведуваат дека Алијансата на проевропски партии, кои ветуваат враќање на демократските стандарди, освои парламентарно мнозинство на изборите од 15 октомври и се очекува да ја преземе власта, но поради оставката на Моравјецки ќе мора да почека најмалку четири недели.

Полскиот конзервативен претседател Анджеј Дуда, кој е сојузник на десничарската партија Право и Правда на Моравјецки, бара од премиерот да се обиде да формира нова влада и подоцна денеска повторно ќе го номинира за кандидат за премиер, соопштија американските медиуми.

Во своето обраќање во парламентот, Моравјецки изрази желба да изгради нова влада која ќе ги надмине партиските поделби.

Туск тврди дека неговата идна влада ќе работи на тоа да добие милијарди евра од фондовите на ЕУ што се замрзнати поради законите кои наводно ја поткопуваат независноста на судовите. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан