• недела, 01 септември 2024

По повод раѓањето на Гоце Делчев распишан ликовно-литературен конкурс на велешката библиотека

По повод раѓањето на Гоце Делчев распишан ликовно-литературен конкурс на велешката библиотека

Велес, 11 јануари 2023 (МИА) – По повод раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, локалната библиотека „Гоце Делчев“  распиша награден конкурс за изработка на ликовно-литературна, поетска или прозна творба за ученици.

Ликовно-литературната творба треба да биде на тема: „Книгата е извор на мудроста“ и може да учествуваат ученици од 4-то и 5-то одделение.

Поетска или прозна творба на тема: „Книгата е извор на мудроста“ е наменет за учениците од шесто до деветто одделение, и  поетска или прозна творба на тема: „Библиотеката е храм на мудроста“наменет за средношколците.

Поетските творби треба да бидат до 16 стиха, а прозните творби од 250-400 збора.

Творбите треба да се испратат најдоцна до 31 јануари напишани на литературен македонски јазик со кирилично писмо со податоци на ученикот на е-маил bibliotekaveles22@gmail.com. ад/аа/

Остани поврзан