• недела, 06 октомври 2024

По повод Голема Богородица сеноќно бдение и Света архијерејска литургија во Бигорски 

По повод Голема Богородица сеноќно бдение и Света архијерејска литургија во Бигорски 
Дебар, 26 август 2022 (МИА) - По повод празникот Успение на  Пресвета Богородица познат меѓу народот како Голема Богородица во Бигорскиот манастир ќе се одржи  сеноќно бдение, со Света архијерејска литургија. -  На денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска обител ќе се отслужи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија, што ќе започне во сабота, на 27 август 2022, во 21:00 часот, стои во соопштението на Бигорски манастир. Се додава дека во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии. - Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават Успението на Мајката Божја, се наведува во соопштението. По традиција се очекува големо присуство на верници од многу градови во земјава. вт/ев/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан