• вторник, 24 декември 2024

Елен Деџенерис наводно се сели од САД

Елен Деџенерис наводно се сели од САД

Лос Анџелес, 21 ноември 2024 (МИА) - Водителката од САД, Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси наводно ја напуштиле земјата по победата на Доналд Трамп на претседателските избори. Извори блиски до парот откриваат за „ТМЗ“ дека тие „решиле веднаш да избегаат од земјата“ откако новоизбраниот претседател ја победи Камала Харис.

Елен и Порша, кои се в брак од 2008 година, исто така, според пишувањата, планираат да го стават својот дом во Калифорнија на продажба. Според наводите, двојката била „многу разочарана“ од претседателските избори и се преселила во нов дом во Котсволдс, југозападна Англија. А пак, имотот го купиле пред изборите.

Одлуката на Деџенерис и нејзината сопруга доаѓа откако поддржувачите на Трамп го преплавија нивниот интернет-простор со коментари, по нејзиното „ветување“ дека ќе ја напушти земјата ако победи Трамп. „Зарем Елен не рече дека ќе ја напушти земјата ако победи Трамп?“, „Дали таа веќе не треба да ја напушти земјата?“ - гласат дел од коментарите.

Деџенерис јавно ја поддржа Камала Харис на Инстаграм.

„Ништо не е помоќно од жена чие време е дојдено! Едвај чекам Камала Харис да стане наш претседател“, напиша поранешната водителка на ток-шоу.

Последната објава на Елен Деџенерис поврзана со изборите беше на 1 ноември, кога таа ги повика своите следачи да гласаат, со споделување видео за женското движење во САД.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан