• четврток, 26 декември 2024

По отказот во Милан, Бобан најверојатно ќе се врати во ФИФА

По отказот во Милан, Бобан најверојатно ќе се врати во ФИФА
Милано, 8 март 2020 (МИА) - Милан ја потврди разделбата со Звонимир Бобан кој ја извршуваше функцијата шеф на фудбалски операции во клубот. Објавата на раководството на „росонерите“ е очекувана, ако се има предвид се што се случуваше на „Сан Сиро“ во изминатите денови и јавно изразените насогласувања на Хрватот со директорот Иван Газидис. - Милан потврдува дека го извести Бобан за прекин на неговиот договор на местото шеф на фудбалски операции кој стапува на сила веднаш. Истовремено, Стефано Пиоли ја има целосната поддршка и со оптимизам гледаме во продолжение на сезоната, се наведува во соопштението на Милан. Бобан, според пишувањата на италијанските медиуми, изгледа нема да чека долго на нов ангажман и најверојатно во најскоро време ќе се врати на старата функција во ФИФА. Се шпекулира дека екипата на лето ќе ја преземе Ралф Рангник кој во Милан ќе обедини две функции - тренер и генерален менаџер. сѓд/ми/

Остани поврзан