• среда, 04 декември 2024

По освојувањето на Алепо сириските бунтовници напредуваат и кон Хама

По освојувањето на Алепо сириските бунтовници напредуваат и кон Хама

Дамаск, 1 декември 2024 (МИА) - Илјадници сириски бунтовници вчера го зазедоа најголемиот дел од вториот по големина сириски град,  Алепо, и ја презедоа контролата врз меѓународниот аеродром пред да ја прошират својата ненадејна офанзива кон соседната провинција Хама, јавија американските медиуми.

Бунтовниците наишле на мал или никаков отпор од владините сили, наведуваат борци и активисти.

Сирискиот Центар за мониторинг  на човековите права соопшти дека бунтовниците предводени од џихадистичката група „Хајат Тахрир ал Шам“ ја презеле контролата врз аеродромот во Алепо, првиот меѓународен аеродром што падна во нивни раце, објавувајќи и фотографии од аеродромот.

Илјадници бунтовници, исто така, зазедоа градови и села низ северната провинција Хама, каде што претходно имаа присуство пред да бидат истиснати од владините сили во 2016 година.

Тие изјавија дека синоќа влегле и во градот Хама.

Брзата и изненадувачка офанзива на бунтовниците е голем удар за сирискиот претседател Башар Асад и покренува прашања за подготвеноста на неговите вооружени сили, особено во време кога неговите сојузници се преокупирани со сопствените конфликти.

Турција, главниот поддржувач на сириските опозициски групи, соопшти дека дипломатските напори во последните денови не успеале да ги запрат владините напади врз областите под контрола на опозицијата, што е кршење на договорот за деескалација со посредство на Русија, Иран и Анкара. Според турски безбедносни извори, била планирана ограничена офанзива за да се запрат владините напади, но офанзивата се проширила бидејќи владините трупи се повлекле од своите позиции.

Сириските вооружени сили вчера ги отфрлија извештаите за повлекување и дезертирање и рекоа дека се прегрупираат во подготовка за контраофанзива.

Министрите за надворешни работи на Иран и Русија изразија поддршка за сириската Влада, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руската авијација ги погодила сириските бунтовници.сд/

ужени сили вчера ги отфрлија извештаите за повлекување и дезертирање и рекоа дека се прегрупираат во подготовка за контраофанзива.

Министрите за надворешни работи на Иран и Русија изразија поддршка за сириската Влада, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руската авијација ги погодила сириските бунтовници.сд/

фото:Скриншот Х

Остани поврзан