• вторник, 24 декември 2024

По кантонот Сараево, епидемијата на морбили се појави и во Зеничко-добојскиот кантон

По кантонот Сараево, епидемијата на морбили се појави и во Зеничко-добојскиот кантон

Сараево, 19 јули 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК) денеска ќе прогласи епидемија на морбили на подрачјето на тој кантон во Федерацијата БиХ.

Министерката за здравство на ЗДК, Аида Салчиновиќ изјави дека на подрачјето на тој кантон нема смртни случаи од морбили и дека во Зеница се регистрирани 427 заразени, во Какањ 424 и во Високо 175 лица.

Вчера во Сараево 17-годишник почина од сипаници.

Во февруари годинава беше прогласена епидемија на морбили во кантонот Сараево. паг/

Остани поврзан