• четврток, 26 декември 2024

По Израел и Емиратите, првиот случај на мајмунски сипаници откриен во Либан

По Израел и Емиратите, првиот случај на мајмунски сипаници откриен во Либан
Бејрут, 20 јуни 2022 (МИА) - Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека првиот случај на мајмунски сипаници во таа земја е откриен кај лице кое се вратило од странство и сега е во изолација дома во стабилна состојба. Како што се наведува, во моментов се истражува со кој било во контакт заразеното лице, но други детали не се соопштуваат. Пред Либан, во мај случаи на болеста беа идентификувани во Израел и Обединетите Арапски Емирати. Во Либан се откриени мајмунски сипаници во време кога стотици илјади иселеници и туристи се подготвуваат да одат на одмор. Оваа година, сепак, се пријавени 1.880 инфекции во повеќе од 30 земји каде што мајмунските сипаници вообичаено не се присутни. Околу 85 отсто од ваквите случаи се откриени во Европа, а смртни случаи нема. Светската здравствена организација објави дека луѓето со мајмунски сипаници може да се заразат до четири недели и препорача да се изолираат додека целосно не закрепнат. паг/    

Остани поврзан