• четврток, 19 декември 2024

По елиминацијата во Купот: Бејл поворно ги налути навивачите на Реал

По елиминацијата во Купот: Бејл поворно ги налути навивачите на Реал
Мадрид, 7 февруари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл повторно ги налути навивачите. Тоа се случи за време на изненадувачката елиминација од Купот на Шпанија, по поразот од 3-4 на Реал Сосиедад среде „Сантијаго Бернабеу“. Според „АС“, велшкиот репрезентативец го напуштил стадионот во 82 минута и не го догледал мечот на своите соиграчи. Бејл не беше дел од групата на Зинедин Зидан за средбата, иако не беше соопштено дека добил друга повреда. Не е првпат 30-годишниот фудбалер да си дозволи да не догледа натпревар на Реал Мадрид до сигналот на последниот судија. Тој си заминал порано пет пати оваа сезона. Сепак, тој не ја нарушува клупската политика. Во неа се наведува дека играчите можат да го напуштат стадионот по 80-тата минута. Сепак, неговото однесување не им се допаѓа на навивачите, бидејќи тие ова го перцепираат како непочитување кон Реал. Оваа сезона тој има само 15 натпревари во Ла Лига, Лигата на шампионита и Кралскиот Куп. Тој постигна 3 гола и даде 2 асистенции. Неговото име е поврзано со враќање во Тотенхем или преселба во Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со „кралевите“ е до летото 2022 година.

Остани поврзан