• сабота, 23 ноември 2024

По доаѓањето на Ван де Бик, Јунајтед се ослободува од Лингард и Переира

По доаѓањето на Ван де Бик, Јунајтед се ослободува од Лингард и Переира
Манчестер, 1 септември 2020 (МИА) - Екипата на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да се раздели со Џеси Лингард и Андреас Переира за да направи простор за нови засилувања на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ се близу до потписот на sвездата на Ајакс, Дони ван де Бик, кој би чинел околу 40 милиони фунти. Холандскиот играч за врска, кој ќе биде првото засилување на Оле Гунар Солскјер во текот на летото, се верува дека ги договорил неговите лични услови и ќе потпише за пет години. Минатата сезона беше тешка за Лингард, кој многу ретко добиваше шанса да настапи. Переира имаше и периферна улога за Јунајтед. Со тоа ќе се стави крај на 20-годишната кариера на Лингард во Јунајтед, кој се приклучи на клубот кога имал само седум години, но Англичанецот не започнал натпревар од Премиер лигата за овој клуб од Нова година. Переира се приклучи на клубот во 2011 година на 15-годишна возраст, но не играше како стартер од ремито 1:1 со Бриж во Лига Европа во февруари.

Остани поврзан