• среда, 18 декември 2024

По две години од изградбата одобрени вработувањата за новата градинка во Тетово

По две години од изградбата одобрени вработувањата за новата градинка во Тетово

Тетово, 15 ноември 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ја посетија општинската јавна установа за градинки „Младост“ по повод одобрувањата за вработувања во новиот објект „Рилиндја“. Министерот истакна дека дадени се вкупно 42 решенија во кои се вработувања на испразнети места поради пензионирање на вработени.

- Ме радува фактот што успеавме после две години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја“, кој наскоро ќе биде и официјално отворен. Обезбедувањето на стручен кадар во детските градинки и инвестирањето во зајакнување на нивните компетенции придонесува за квалитетот на воспитно образовниот процес. Како и дека министерство ќе продолжи посветено да работи во насока на обезбедување на предучилишно воспитание и образование согласно предвидените стандарди, истакна министерот Лимани.

Министерот и градоначалникот изразија надеж дека списоците на чекање за упис во градинка ќе бидат минато.

- Ова е голем чекор за стабилноста и развојот на персоналот, кој секојдневно дава максимум за да создаде безбедна и пријатна средина за нашите деца. Овој момент нека биде моќен пример за тоа што можеме да постигнеме заедно, кога имаме поддршка и заеднички визии, истакна Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Новата градинка „Рилиндја“ е изградена во кругот на ООУ „Кирил и Методиј“ во Тетово. ас/дма/

фото: МСПДМ

Остани поврзан