• недела, 24 ноември 2024

По воениот удар во Мјанмар првпат соборената премиерка Аунг се појави на суд

По воениот удар во Мјанмар првпат соборената премиерка Аунг се појави на суд
Нејпјидо, 24 мај 2021 (МИА) - Соборената премиерка на Мјанмар, Аунг Сан Си Чи денеска се појави на судското рочиште, првпат откако војската ја собори владата со државен удар на 1 февруари. - Су Чи изгледаше добро и здраво и одржа личен состанок со нејзиниот правен тим 30 минути пред сослушувањето, истакна адвокатот Тае Маунг Маунг. Таа се заложи за нејзината партија Националната лига за демократија, која наскоро може да биде распуштена. Соборената лидерка им посака на луѓето „добро здравје“ на состанокот со нејзините адвокати и ја повика нејзината партија Националната лига за демократија, која наскоро може да биде распуштена. - Таа посочи дека партијата е основана за народот, така што таа ќе постои сè додека ги има, изјави Таи. Таа се соочува со обвиненија, почнувајќи од нелегално поседување токи-воки до кршење на Законите за државна тајна. Локалните медиуми објавија дека Изборната комисија на Мјанмар ќе ја распушти Национална лига за демократија поради измама при пребројување на гласовите на изборите во ноември. Аунг (75), која во 1991 година ја доби Нобеловата награда за мир за нејзините напори да ја гради демократијата, беше меѓу повеќе од 4.000 лица приведени по воениот удар. Армијата на Мјанмар на 1 февруари ја презеде власта со оправдување за измама на изборите во ноември кога победи партијата на Аунг. По пучот во Мјанмар секој ден се одржуваат протести, маршеви и штрајкови, а хунтата употребува сила, при што загинаа повеќе од 800 луѓе. ми/

Остани поврзан