• вторник, 12 ноември 2024

По воениот удар во Картум избија насилни протести

По воениот удар во Картум избија насилни протести
Картум, 25 октомври 2021 (МИА) – Десет илјади луѓе денеска протестираат на улиците на главниот град на Судан, Картум поради воениот удар, а според очевидци и локалните медиуми имало и судири и престрелки, а има и повредени луѓе. Во градот нема интернет, а аеродормот е затвоен, Армијата денеска приведе министри и премиерот Абдал Хамдок, кој е одведен на непозната локација откако одби да го поддржи воениот удар. Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на владејачкиот Суверен совет, тело формирано по соборувањето на режимот на претседателот Омар ал Башир во 2019 година за да ја надгледува поделбата на власта меѓу цивилите и војската, прогласи вонредна состојба и го распушти Советот и Владата. Директорот на канцеларијата на Хамдок, Адам Хереик изјави дека армијата извршила воен удар и покрај постигнатиот договор помеѓу Хамдок и Бурхан. Претходно, специјалниот претставник на САД за Рогот на Африка, Џефри Фелтман, изјави дека Вашингтон е „длабоко вознемирен од извештаите за воено преземање“ во Судан. - Тоа би било спротивно на Уставот и демократските аспирации на суданскиот народ и е крајно неприфатливо. Како што постојано повторуваме, секоја промена на преодната влада со сила ја става во опасност американската помош, истакна Фелтман. ми/

Остани поврзан