• сабота, 23 ноември 2024

По вложените милијарди, „Епл“ наводно се откажува од електромобилот во развој

По вложените милијарди, „Епл“ наводно се откажува од електромобилот во развој

Лос Анџелес, 28 февруари 2024 (МИА) - Американската компанија „Епл“ наводно се откажува од развојот и производството на електрични автомобили. Како што јавуваат американските медиуми, компанијата наводно вработила 2.000 луѓе во својата тајна програма за електромобили, но се соочила со сè посилна конкуренција од другите производители.

Целта на „Проектот Титан“ што почна околу 2014 година, беше да развие самоуправувачко возило. Според наводите, во овој потфат се вложени милијарди долари. Одлуката за затворање на проектот била објавена прво внатрешно вчера, објави „Блумберг“.

И во 2022 година протекоа неофицијални информации со подробен опис на проблемите со коишто се соочува проектот за електромобили, вклучувајќи го и заминувањето на повеќе извршни директори поради недостаток на поддршка од раководството.

Според познавачи, „Епл“ би можел да префрли дел од вработените во овој оддел кај проектите поврзани со генеративната вештачка интелигенција.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан