• сабота, 23 ноември 2024

По веста дека Меган е бремена, се огласи и Бакингемската палата

По веста дека Меган е бремена, се огласи и Бакингемската палата
Лондон, 16 февруари 2021 (МИА) - Принцот Хари и Меган Маркл во неделата, Денот на вљубените, објавија дека очекуваат уште едно дете, па по тој повод се огласи и Бакингемската палата. Претставниците на кралското семејство изјавија дека целото семејство е воодушевено од веста. „Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат сè најдобро“, се вели во соопштението. Токму на Денот на вљубените пред 37 години, Бакингемската палата објави и дека принцезата Дијана е бремена со своето второ дете. Во известувањето за печатот се вели дека „Кралицата Елизабета и принцот Филип се воодушевени од среќната вест“ и дека на Дијана, која тогаш имала 22 години, не ѝ било грижа дали носи девојче или момче. Принцот Вилијам имал 20 месеци за време на објавувањето на втората бременост на Дајана, а неговиот брат Хари е роден на 15 септември 1984 година. Меган и Хари минатата година официјално се повлекоа од должностите во кралското семејство, а подоцна се преселија во Калифорнија (САД).  си

Остани поврзан