• недела, 17 ноември 2024

По веб-страницата на ШИШ руски хакери ја нападнале и веб-страницата на Националната гарда на Албанија

По веб-страницата на ШИШ руски хакери ја нападнале и веб-страницата на Националната гарда на Албанија

Тирана, 14 октомври 2023 (МИА) - Повторно хакерски напад врз албанските институции. Овој пат  Кибер-армијата на Русија изврши напад врз веб страната на гардата на Република Албанија, јави Ора њуз.

Засега нема други информации околу овој последен напад.

- Во објава на руски јазик на нивните канали, овие хакери повикаа на продолжување на нападите врз веб - страниците на албанските институции, наведува телевизијата.

Цел на истите хакери, претходно била веб-страницата на албанската разузнавачка служба, ШИШ, предизвикувајќи потешкотии во пристапот до неа.

Извор од ШИШ, за телевизијата Топ чанел, која прва ја објави веста,  потврдил дека станува збор за напад што не дозволува пристап до официјалната веб-страница, односно дека нападот е извршен само на Интернет страницата која не е поврзана со серверите или архивата на службата.

Телевизијата наведе дека нападот го презела „ИТ Армијата на Русија“ (IT Army of Russia) која имала “директни врски со руското разузнавање“. вт/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан