• четврток, 26 декември 2024

По бегството од над осум месеци, уапсен вториот човек на Златна зора, кој беше осуден на речиси 12 години затвор

По бегството од над осум месеци, уапсен вториот човек на Златна зора, кој беше осуден на речиси 12 години затвор
Атина, 2 јули 2021 (МИА) – Вториот човек на неонацистичката Златна зора и поранешниот пратеник од партијата Христос Папас, осуден на затворска казна од 11 години и девет месеци, по над осум месеци бегство, доцна синоќа беше уапсен во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Кон крајот на октомври минатата година кога судот во Атина ги соопштуваше пресудите и казните за членовите на Златна зора, 59-годишниот Папас успеа да им побегне на властите. Иако во изминатиот период во грчките медиуми се споменуваше дека Папас ја напуштил Грција и се крие во некоја од балканските земји, сепак беше уапсен во Атина. Се криел во домот на 52-годишна жена која, исто така, е уапсена и ќе биде изнесена пред јавен обвинител. Папас, се очекува денеска да биде пренесен во некој од грчките затвори. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелон, рече дека со „апсењето на Христос Папас, конечно се затвора поглавјето на криминалната организација“. ср/сд/

Остани поврзан