• среда, 25 декември 2024

Поштенска марка за јубилеите на УКЛО - Битола

Поштенска марка за јубилеите на УКЛО - Битола

Битола, 13 ноември 2024 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, два значајни настани од историјата на универзитетот, 100 години од формирањето на најстарата единица, Научен институт- Прилеп  и 45 години од основањето на УКЛО ги одбележува со издавање јубилејна поштенска марка.
Од УКЛО-Битола информираа дека јубилејните активности се реализираат под слоганот „Еден век наука и знаење“,  и тој е дизајниран на оригинална и изворна поштенска марка која ги обединува двете значајни годишнини.

Поштенската марка  ќе биде промовирана на претстојната меѓународна научна конференција „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ што ќе се одржи на 15 ноември и е во рамки на меѓународните денови на науката.

УКЛО Битола денеска ги соопшти и најдобрите научници на универзитетот за минатата академска година, а најдобар и најплоден  научник  на УКЛО е професорката Анка Трајковска Петкоска од Технолошко–техничкиот факултет-Велес, а за прв пат признание ќе биде доделено и за најдобар млад научник која му припадна на асистент м-р Горан Велјановски од Технички факултет-Битола. мт/сст/

Фото: УКЛО-Битола
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан