• сабота, 23 ноември 2024

Почнува 52. Струшки ракометен турнир

Почнува 52. Струшки ракометен турнир

Струга, 14 август 2024 (МИА) - Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го
отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра
на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а
потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.

На вториот ракометен ден, Струга ќе се соочи со грчки Паок, по што ќе следува натпреварот меѓу
Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.

На 16 август во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм
Пелистер и Паок.

Последниот ракометен ден ќе почне во 10.30 часот со мечот за петто место, додека
натпреварот за трето место е закажан за 18:30, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот. сс/хс/ 

Фото: плакат

Остани поврзан