• недела, 13 октомври 2024

Почнува 24-часовен штрајк на италијанските железничари

Почнува 24-часовен штрајк на италијанските железничари

Рим, 12 октомври 2024 (МИА) – Во Италија денеска почнува 24-часовен штрајк на вработените во железницата, а патниците поради тоа ги чека тежок викенд, јавија италијанските медиуми.

Штрајкот ќе почне вечерва во 21:00 часот по локално време и ќе трае до утре, 13 октомври, до 20:59 часот, јавува порталот Today.it.

Како што соопштија Државните железници на Италија (ФС), штрајкот би можел значително да влијае на нормалното функционирање на железничкиот сообраќај.

Прекинот на работата ќе ја опфати целата држава, а штрајкот го организираше синдикатот Цуб траспорти кој бара рамковен договор за обновување на договорите на вработените во компаниите што превезуваат патници и стока.

Штрајкот може да доведе до значително нарушување на железничкиот сообраќај, како и целосно и делумно откажување на возовите на регионалните линии Фрече, Интерсити и Трениталија, соопшти Националната железница.

Како што се додава, откажувања и одложувања може да се случат и пред почетокот на штрајкот, како и по неговото завршување. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан