• четврток, 26 декември 2024

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Белград, 14 мај 2023 (МИА) - Со богослужба во белградската црква Свети Сава денес почнува седницата на Соборот на СПЦ (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ.

Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати. об/

фото: СПЦ

Остани поврзан