• четврток, 19 декември 2024

Почнува седмото издание на фестивалот на Европска литература „БУКСТАР“

Почнува седмото издание на фестивалот на Европска литература „БУКСТАР“
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Под слоганот „GENRESIS“ од 12 до 15 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи седмото издание на „БУКСТАР“ - фестивал на Европска литература. Помеѓу прашањата кои ги поставува овогодинешниот фестивал, кој е во организација на Книжевниот центар „Антолог“, се дали Ковид-19 е најопипливата апокалиптична форма на цивилизацијата досега и како литературата ќе си го најде своето место во овие застрашувачки моменти? Оваа година пред македонската публика со лично присуство во Скопје ќе бидат претставени дури девет автори кои ќе ги промовираат своите дела, помеѓу кои Катарина Винклер, Влада Урошевиќ, Огнен Спахиќ, Сјон, Миодраг Мајиќ, Балсор Хоџа, Марина Вујчиќ, Софија Лундберј и Михаела Гашпар. Во рамките на фестивалот се најавени и тркалезна маса на тема „Превод/комуникација/разбирање“, настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на Станислав Лем, книжевна дискусија на тема „Книжевни жанрови: систем или креативен хаос“, работилница за креативно пишување од страна на Сјон, книжевно читање „Ти реков, ми рече“, познатиот книжевен поткаст „Гол ручек“ во живо, Саем на европската литература и многу други содржини. Влезот на сите фестивалски настани е бесплатен, а за време на фестивалот ќе бидат почитувани актуелните ковид-протоколи. ар/дма/

Остани поврзан