• сабота, 28 декември 2024

Почнува реконструкцијата на здравствената станица Демир Капија, градежните активности ќе траат околу два месеца

Почнува реконструкцијата на здравствената станица Демир Капија, градежните активности ќе траат околу два месеца

Неготивно, 25 март 2024 (МИА) - Почнуваат градежните активности за реконструкција на Здравствената станица во Демир Капија, соопштија попладнево од Здравствениот дом Неготино, во чии рамки е демиркаписката Здравствена станица.

Директорката на Здравствениот дом Билјана Филипова за МИА појасни дека активностите се во рамки на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран преку проектната единица на Министерството за финансии и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. 

– Во овој проект, во прва фаза е реконструкцијата на демиркапискиот објект, а понатаму ќе следува и реконструкција на здравствениот пункт во неготинското село Долни Дисан, но и на самиот Здравствен дом, што е со поголема квадратура, посочи Филипова, образложувајќи дека сите три објекти се во склоп на Здравствениот дом во Неготино.

Таа нагласи дека за времетраење на градежните активности, континуирано ќе се даваат здравствените услуги кон пациентите.

– Го замоливме населението од општината Демир Капија на внимателност при движење околу објектот, како и внатре во објектот. Градежните активности предвидено е да траат околу два месеца, некаде до 17 мај оваа година, рече Филипова. свд/ра/

Фото : Здравствена станица Демир Капија

Остани поврзан