• недела, 17 ноември 2024

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата vakcinacija.mk  

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата vakcinacija.mk  

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Преку веб страницата - vakcinacija.mk, денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат од Министерството за здравство.

- Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација, се наведува во соопштението од МЗ.  

Со бесплатна вакцинација, како што посочуваат од Министерството за здравство ќе бидат опфатени следните ризични групи:  

- Стари лица (над 65 години)  

- Лица со хронични заболувања  

- Здравствени работници  

- Бремени жени  

- Децата на возраст од 6 месеци до 5 години  

- Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

- Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на месец октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од Министерството за здравство. 

Оттаму посочуваат дека со пополнување на апликацијата граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин.

-Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, се додава во соопштението. 

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан