• сабота, 23 ноември 2024

Почнува мини-фестивалот „Саботи на светска музика“

Почнува мини-фестивалот „Саботи на светска музика“

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) - Со концертот на неофолк бендот „Калата“ во „Јавна соба“ денеска започнува мини-фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.

Со овој проект, „Јавна соба“ ќе даде посебен акцент, во форма на мини фестивал, секоја сабота, на најдоброто од нашата држава во жанрот - светска музика.

На мини-фестивалот во „Јавна соба“ ќе настапат и домашните музички артисти Зарина Првасевда со својот бенд и групата „Фолтин“ од Битола.

„Калата“ е неофолк бенд од Скопје, кој прави паралела помеѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика. Членови на „Калата“ се Минела Богдановиќ – вокал; Марија Илиевска – бек вокал; Симеон Ангеловски – бас; Александар Бошков – гитара; Кирил Кузманов – саксофон; Дамјан Грујо – тапани.

Од 2018 година, „Калата“ настапува низ целата земја, вклучително и Д-Фестивал, Пин Музичка конференција и некои европски фестивали како MMVV (Barcelona) и Balkan Most Festival (Veszprem). Калата е исто така дел од MOST Music Programme – балканска музичка експорт програма, што поддржува светски музички уметници и бендови од Балканот.

Нивниот прв албум „Калата“ ќе биде објавен на почетокот на 2024 година, а дел од овој материјал ќе биде претставен и пред публиката денеска во „Јавна соба“.

Билетите за концертите во „Јавна соба“, можат да се набавуваат само онлајн на drugastrana.mk.фф/лв/

Фото: „Јавна соба“

Остани поврзан