• сабота, 09 ноември 2024

Почнува изградбата на новиот далновод од ТС „Битола 2” до македонско-албанска граница

Почнува изградбата на новиот далновод од ТС „Битола 2” до македонско-албанска граница
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - АД „МЕПСО“ денеска го почнува поставувањето на новиот 400 kV далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2” до македонско-албанската граница. На поставувањето на камен темелникот на новиот далновод ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на АД „МЕПСО“, Орхан Муртезани, претставници на делегација на Европската Унија во земјава и на Европската банка за обнова и развој, амбасадори, како и делегации од Албанија и Бугарија, соопшти владината прес-служба. - Оваа капитална инвестиција е од огромна важност во градење на поразвиена и постабилна енергетска инфраструктура во нашата држава и регионот, се наведува во соопштението. мс/са/  

Остани поврзан