• вторник, 24 декември 2024

Почнува десеттата „Самун ем татлија“ во Радовиш

Почнува десеттата „Самун ем татлија“ во Радовиш

Радовиш, 11 октомври 2024 (МИА) - Со Фолклорниот фестивал „Радовишки собор“ денеска ќе биде означен почетокот на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, која се организира по десетти пат во Радовиш.

Покрај подотовката на традиционалните радовишки спрецијалитети, ќе има богата културно-уметничка и музичка програма со настап на пејачи од земјава и странство.

-Со оглед на прекрасните временски услови, нашите очекувања се дека ќе имаме голема посетеност на туристи, како од земјата така и од странство.  Од тие причини упатуваме апел до сите сограѓани да бидат воздржани од користење на моторни возила со цел сите заедно да придонесеме за успешна организација на манифестацијата и да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин, стои во објавата на Општина Радовиш. 

Манифестацијата ќе се одржува  од денеска до недела на локацијата паркинг „Орел“. рт/аа/

Фото: организатори

 

Остани поврзан