• понеделник, 29 јули 2024

Почнува втората кампања на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Почнува втората кампања на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“
Куманово, 30 мај 2022 (МИА) - Почнува втората кампања на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, која има за цел да ја подигне јавната свест за целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовното образование, информираа денеска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“-Куманово, кои заедно со Фондацијата „Чекор по чекор“ и „Хендимак“, со поддршка на МОН ја спроведуваат кампањата. Во кампањата вклучени се ученици, наставници, родители. - Овој пат, во камапањата се вклучени семејства кои немаат член со попреченост. Кампањата има за цел подигање на јавната свест, бидејќи учениците се веќе во училишните клупи и допрва ќе се зголемува бројката на ученици со попреченост, затоа што Законот за инклузивно образование ќе стапи на сила целосно 2023 година и училиштата треба да се подготвени но и локалните заедници, целата популација дека овие ученици имаат еднакви права како сите останати, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“. Таа појаснува дека процесот на инклузија на децата со попреченост почнува во семејствата, а нивниот напредок уште повеќе се заабележува кога следат настава со други деца. Димитровска вели дека ако не се одвоени во посебна средина каде што има само деца и лица со попреченост, тие напредуваат многу побргу. - Ова е втора кампања, но ќе има уште една до крајот на проектот. Има голема бројка, ние дадовме 474 стипендии, во 62 општини во 187 училишта. Тоа е повеќе од половина од училиштата што постојат така што децата се вклучени во редовното образование но сè уште има и во ресурсните центри и во центрите за поддршка од каде тие ученици би требало да преминат во редовните училишта, појаснува Димитровска. Во рамки на проектот во училиштата се адаптираат училници, простории во сензоорни соби, тоалеи за потребите за учениците. Во рамки на проектот предвидено е да се адапираат 40 сензорни соби, засега во половина од училиштата се направени. - За учениците се многу големи придобивките и не само за децата со попреченост туку за сите. Постои катче адаптирано каде може да работи специјален едукатор, логопед и секое стручно лице во училиштето но и наставниците и образовните асистенти. Во одреден период од денот се чувствува замор кај децата со попреченост но и кај другите има катче за рекреација, едукативно катче. Онаа наставна програма што нема да можат да ја совладаат во училницата ќе може да биде поддржана во сензорната соба. Ние постојано комуницираме со семејствата, затоа што тие се дел од нас, изјави Димитровска.ам/фф/

Остани поврзан