• вторник, 19 ноември 2024

Почнува битката за предизвикувач на светскиот шаховски првак Карлсен

Почнува битката за предизвикувач на светскиот шаховски првак Карлсен
Мадрид, 16 јуни 2022 (МИА) – Во главниот град на Шпанија утре почнува ФИДЕ Турнирот на кандидати на кој осуммината „величествени“ преку двокружен систем ќе го одредат новиот предизвикувач на светскиот првак во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен. На турнирот во Мадрид ќе настапат ланскиот предизвикувач Јан Напомнијачи од Русија, американските велемајстори Хикару Накамура и Фабијано Каруана, Унгарецот Ричард Рапорт, Јан-Криштоф Дуда од Полска, натурализираниот Французин Алиреза Фироузја, Динг Лирен од Кина и Азербејџанецот Тејмур Радјабов, кој доби специјална покана од организаторите. Кинезот Лирен, кој има највисок рејтинг меѓу потенцијалните предизвикувачи на Карлсен, доаѓа на местото на Русинот Сергеј Карјакин, кој ја отслужува суспензијата од шест месеци што му беше изречена поради кршење на Етичкиот кодекс со својата јавна поддршка на руската инвазија врз Украина. ег/

Остани поврзан