• сабота, 23 ноември 2024

Почнуваат подготовките за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата

Почнуваат подготовките за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија. Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината од независноста на Северна Македонија, како еден од најважните и најзначајни датуми и процеси од современата историја на нашата земја, информира владината прес-служба. На седницата е донесена и одлуката за утврдување на летното сметање на времето кое во 2021 година започнува на 28 март во 02:00 часот.лв/вј/

Остани поврзан