• петок, 27 декември 2024

Почнуваат градежни работи за реконструкција на делницата  Струмица – Дабиле

Почнуваат градежни работи за реконструкција на делницата  Струмица – Дабиле

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Општина Струмица информира дека деновиве почнуваат градежни работи за реконструкција на дел од магистралниот пат А4, на делницата  Струмица – Дабиле. Поради тоа, сообраќајот на оваа делница ќе се одвива со изменет режим. 

- Се замолуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат  сообраќајната сигнализација, како и да имаат разбирање за значењето на реконструкцијата на оваа делница, се наведува во соопштението од Општина Струмица.мд/лв/

Фото: Општина Струмица 

Остани поврзан