• сабота, 21 декември 2024

Почна 51. издание на Струшкиот ракометен турнир

Почна 51. издание на Струшкиот ракометен турнир

Струга, 16 август 2023 (МИА) - Со претставување на учесниците и интонирање на државната химна, вечерва на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга почна 51. на Меѓународниот ракометен турнир.

 

На годинашното издание во две групи силите ќе ги одмерат екипите на: 
А-група: Алкалоид, АЕК (Грција) и Динамо Панчево (Србија) и 
Б-група: Вардар, Гуиф (Шведска) и Струга.

 

Струшкиот ракометен турнир официјално за отворен го прогласи претседателот на ракометниот клуб Струга, Кирчо Јовановски, кој изрази благодарност до сите поранешни организатори, ентузијасти и вљубеници во ракометот, што овозможиле 51 година во контуниутет да се одржува турнирот.

 

Пред официјалната церемонија, први силите ги одмерија домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач на турнирот екипата на Вардар, кој заврши со убедлива победа на гостите од Скопје со 29:17 (15:8).

 

Вечерва уште играат екипите на Алкалоид и Динамо Панчево.

 

Екипата на Струга утре ќе ги одмери силите со шведскиот претставник Ескилстуна Гуиф, а љубителите на ракометот ќе може да го погледнат и дуелот меѓу АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија. сс/зс/

Остани поврзан