• четврток, 26 декември 2024

Почна уредување со бекатон на краци во кумановската населба „Иго Тричковиќ“

Почна уредување со бекатон на краци во кумановската населба „Иго Тричковиќ“
Куманово, 8 септември 2022 (МИА) - Почна поставување на бекатон на улици во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопштија денеска надлежните.
Претходно, од одделението за комунални дејности информираа дека ќе се реконструираат краците „1“, „4“ и „5“ во населбата Иго Тричковиќ. За санација на кракот „1“ одбрана е компанијата „РМК градба“ од Студеничани и од општинскиот буџет наменети се 504.850 денари. За санација на останатите два крака во населбата Иго Тричковиќ, општината одвои 706.643 денари. Од одделението за комунални дејности очекуваат значително да се подобрат условите за движење на пешаците во населбата. Во оваа населба почна изградбата на фекален колектор и канализациска мрежа. Општина Куманово претходно по објавена јавна набавка склучи договор со избрана компанија за изведување на градежни активности, изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици во населбата, за што од општинскиот буџет ќе се одвојат 18.795.602, 81 денар со вклучен данок на додадена вредност. Жителите на населбата со години наназад бараа решавање на овој инфраструктурен проблем. ам/дма/

Остани поврзан