• среда, 25 декември 2024

Почна уредувањето на културно-историскиот локалитет кај училиштето во Градец во Крива Паланка

Почна уредувањето на културно-историскиот локалитет кај училиштето во Градец во Крива Паланка

Крива Паланка, 24 септември 2024 (МИА) - Почнаа градежните активности од проектот „Земја на легендите“ со кој партерно ќе се уреди културно-историскиот локалитет кај училиштето во село Градец, кривопаланечко.

Проектот се реализира во партнерство помеѓу Општина Крива Паланка и Град Лесковац во рамки на ИПА – Програма за прекугранична соработка помеѓу Србија и С.Македонија, во областа на мобилизирање културни и природни ресурси за заеднички развој и одржливи туристички производи и дестинации.

- Проектот е вреден околу 200 000 евра, од кои речиси со половина од средствата во Крива Паланка со околу половина од средствата ќе се реализира фаза-1 од проектот, инвестициски активности на локалитет Градец: партерно уредување, поставување урбана опрема, детско игралиште, објекти и тремови во дворот на училиштето, достапни за лицата со попречености, информираат од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Проектите активности се аплицирани во Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2, по специфична цел 2.1-Мобилизирање на културните и природните ресурси за заеднички развој на одржливи туристички производи и дестинации.

Локалитетот Градец е мапиран како еден од неколкуте локалитети во општината што ги обединува природното и културно наследство: испосница на „Св. Јоаким Осоговски“, црквата „Св. Никола“, археолошкиот локалитет „Градиште“ и старото училиште во непосредна близина на црквата, што надополнети со активностите од овој проект ќе обезбедат содржини за подолг престој на туристите на територијата на општината.

- Неинвестициските активности од проектот „Земја на легендите“ предвидена е изработка на рекламни материјали, промотивни настани, средби и состаноци со засегнати страни од областа на туризмот во прекуграничниот регион со цел ставање во функција за развој на туризмот на богатото културно наследство и народно творештво: легенди, митови и преданија.

Со реализацијата на проектот се очекува да се подобрат квалитетот и видливоста на туристичките понуди во прекуграничниот регион. ид/ир

Фото: Општина Крива Паланка

Остани поврзан