• среда, 13 ноември 2024

Почна тампонирање на улици во кумановското село Шупли Камен

Почна тампонирање на улици во кумановското село Шупли Камен

Куманово, 2 октомври 2023 (МИА) - Почна тампонирање на патот во кумановското село Шупли Камен, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово.

- Ќе се тампонираат 1, 4 километри од патот во ова населено место по барање на жителите. Градежните активности ги извршува избрана компанија, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Според електронскиот систем за јавни набавки за тампонирање во селата и приградските населби во Куманово избрана е компанијата „ФИШЕР-ТИХИ ДОО увоз-извоз село Карпош-Куманово“. За тампонирање во повеќе населени места, рурални и приградски населби, општината од буџетот одвои 4.712.610,60 денари.

Во близина на село Шупли Камен во тек е изградба на пругата кон Бугарија. Жителите очекуваат по завршување на изградбата на пругата да добијат и соодветен асфалт во селото. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан