• сабота, 23 ноември 2024

Почна тампонирањето на патот кон кумановското село Скачковце

Почна тампонирањето на патот кон кумановското село Скачковце

Куманово, 4 март 2024 (МИА) - Почна тампонирањето на патот кон кумановското село Скачковце, информираа денеска надлежните од општината. Градежната компанија е на терен. Надлежните очекуваат тампонирањето да заврши во предвидениот рок.

Жителите од Скачковце очекуваат поефикасно поврзување со регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Општина Куманово кон крајот на февруари склучи договор со избрана компанија за изведување на градежни активности и тампонирање на сообраќајници на територија на општина Куманово, за што од општинскиот буџет одвоени се речиси пет милиони денари. Фирмата во тек на една година ќе тампонира повеќе патишта во руралните подрачја од општината.

Лани, беше тампониран патот од кумановското село Зубовце кон месноста „Самовилска вода“ во должина од пет километри. Претходно, општина Куманово делумно ги пробиваше и тампонираше патишта од манастирот Свети Ѓорѓи до село Бељаковце, до селото Довезенце, како и на новата улица во населбата Карпош каде претходно беше извршена експропријација и се реши деценискиот проблем на жителите од приградската населба. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан