• четврток, 26 декември 2024

Почна седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Почна седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Почна седницата на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника.

Први на сослушувањето, како што и претходно најави претседателката на Анкетната комисија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, поканети се поранешниот министер за здравство, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Додека министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот Онкологија, рече дека очекува дека сите факти и аргументи да бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме. 

Мизхраи, на вчерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија. сх/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан