• вторник, 24 декември 2024

Почна свечената академија „Завет што обврзува” по повод државниот празник 23 Октомври

Почна свечената академија „Завет што обврзува” по повод државниот празник 23 Октомври

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност почна свечената академија „Завет што обврзува” по повод државниот празник 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Пред присутните се очекува да се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Меѓу гостите на академијата е и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

По повод празникот, претпладнево владина делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје, а во Собранието на Република Северна Македонија на поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста.

Во текот на денот пристигнуваат и честитки од државниот врв, како и од политичките партии.

На 23 октомври во 1893 година е формирана Македонската револуционерна организација, главната сила во организираниот отпор за ослободување. Празникот е завет на многу генерации кој обврзува на достојно, суштествено и активно делување за изградба на современа, силна и просперитетна држава. мч/дма/

фото: принт скрин

Остани поврзан