Почна санацијата на патот кон кумановското село Режановце
- Почна санацијата на патниот правец кон кумановското село Режановце, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.
Куманово, 12 декември 2024 (МИА) - Почна санацијата на патниот правец кон кумановското село Режановце, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.
- Се асфалтира делот од влезот на регионалниот пат Куманово-Липково сè до влезот на селото. Во санацијата претходно беа вклучени и „Македонски железници“, бидејќи во близина се гради и пругата, изјави помошникот раководителот на секторот, Момчило Јовановски.
За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се речиси четири милиони денари, градежните активности ги изведува кумановска компанија. Санацијата на патот се спроведува во рамки на годишната програма на општина Куманово за изградба, реконструкција на локални патишта.
Вчера пак почна изградбата на патот помеѓу селата Косматац-Мургаш-Новосељане во должина од пет километри. Изградбата на патот се спроведува преку програмата за поврзување на локални патишта и улици, финансиски поддржани од страна на Меѓународна банка за обнова и развој-Светска Банка со учество на општина Куманово за изработка на проектната документација. ам/дма/
Фото: Општина Куманово