Почна реконструкција на улица „600“ во кумановското село Проевце
- Реконструкцијата се спроведува со финансиска поддршка од Владата, средства обезбедни од вториот повик за поддршка на инфраструктурни проекти.
Куманово, 9 февруари 2026 (МИА) - Почна реконструкцијата на дел од улицата „600“ во селото Проевце, на потегот од мостот на реката Кумановка до паркингот на поранешниот хотел „Куба“, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Реконструкцијата се спроведува со финансиска поддршка од Владата, средства обезбедни од вториот повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

-Започна реконструкцијата на дел од улицата „600“ во с. Проевце – од мостот на реката Кумановка до паркингот на поранешниот хотел „Куба“. Во тек е изведбата на градежни активности кои опфаќаат машински ископ, дренажа и поставување бетонски рабници, по што ќе следува асфалтирање на целата траса, соопшти Димитриевски.

Куманово од вториот владин повик ќе реализира 27 проекти, изградба на улици, водовод, атмосферска, канализациска мрежа, гасоводна мрежа,... ам/лв/
фото: Општина Куманово