• четврток, 26 декември 2024

Почна реконструкција на тоалети во кумановската гимназија „Сами Фрашери“

Почна реконструкција на тоалети во кумановската гимназија „Сами Фрашери“
Куманово, 26 јануари 2021 (МИА) - Почна реконструкцијата на тоалетите во кумановската гимназија „Сами Фрашери“, информираа денеска надлежните од училиштето. Санацијата се спроведува на два одделни ката од училиштето. Ќе се реконструираат вкупно пет тоалети во зградата на поранешен „Зик“ каде настава следат учениците од оваа гимназија. -Реконструкцијата се одвива во период кога се спроведува онлајн наставата. Се надеваме дека од наредната учебна година, ќе се подобрат условите за физичко присуство на наставата со подобрени услови од аспкет на хигиена-изјави директорот на училиштето, Африм Алити. Претходно, гимназијата набави 18 паметни табли и 26 компјутери. Таблите се распределени за секоја училница, а компјутери за училниците и кабинетите. Наскоро се очекува да се набават и потребни средства за изведување на кабинетската настава по физика, хемија и биологија. Инаку, во зградата на поранешен ЗИК, каде е сместена гимназијата „Сами Фрашери“ настава следат 800 ученици на албански наставен јазик.ам/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан