• четврток, 26 декември 2024

Почна реконструкција на патот помеѓу Арбанашко и Жегљане, општина Старо Нагоричане

Почна реконструкција на патот помеѓу Арбанашко и Жегљане, општина Старо Нагоричане

Куманово, 12 јуни 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на патот од Арбанашко до село Жегљане, општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од општината.

Заменик градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски информира дека патот е во должина од седум километри, а реконструкцијата се спроведува преку јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. 

Од претпријатието претходно информираа дека на регионалниот пат од село Кокино до село Арбанашко е воведен времен режим на сообраќај, односно од 10 до 16 часот сообраќајот е во прекин во двата правца поради градежни активности.

- Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека секој работен ден од понеделник до сабота во периодот од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин. Времениот режим ќе трае до завршувањето на градежните работи, се наведува во соопштението.

Од општината додаваат дека патот ги поврзува сите планински села во козјачијата. Обновата на патот ќе придонесе за подобро инфраструктурно поврзување на пооддалечените планински села со останатите од општината.

- Особено важно е што тука покрај мештани поминуваат и странци кои го посетуваат локалитетот Кокино. Во овој период имавме многу млади луѓе, авантуристи кои престојуваат во околината на Кокино и генерално во нашата општина, вели Цветановски.

Реконструкцијата почна на 30 мај, годинава. ам/цр


Фото: Општина Старо Нагоричане

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан