• недела, 10 ноември 2024

Почна реконструкција на основно училиште во кумановското село Романовце

Почна реконструкција на основно училиште во кумановското село Романовце
Куманово, 25 ноември 2022 (МИА) - Почна реконструкцијата на подови на училници, влезни скали и тоалети во основното училиште „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето. Инвестицијата е на општина Куманово.
- Се надеваме дека со оваа реконструкција ќе се подобри квалитетот на следење на наставата за нашите ученици. Изразуваме благодарност за поддршката од општината, изјави директорот на училиштето Скендер Рушити. Во ова училиште настава на македонски и албански наставен јазик следат 380 ученици од прво до деветто одделение. Надлежните посочија дека преку општина Куманово аплицирале со проект до Министерството за образование и наука за реконструкција на подрачното училиште во Агино село. ам/дма/

Остани поврзан