• петок, 27 декември 2024

Почна реконструкцијата на Инфективното одделение во Штип

Почна реконструкцијата на Инфективното одделение во Штип
Штип, 2 јуни 2021 (МИА) - Со европски пари почна реконструкцијата на единственото Инфективно одделение во источниот регион. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-коференција информира дека со 160.000 евра од фондовите на ЕУ ќе се заменат сите прозорци и врати, а објектот ќе има и нова фасада, со што ќе стане и енергетски ефикасен. Проектов требаше да се реализира лани и беше избрана и фирма, која треба да ги заврши градежните работи, но поради пандемијата мораше да се пролонгира. Рокот за реконструкција е до крајот на август годинава, со што, како што вели Ѓеорѓијев, се надева дека ќе заврши во предвидениот рок и средствата ќе бидат искористени. -Погодни се условите за реконструкција и токму заедно со оваа реконструкција ќе изведеме и поставување на централен довод за кислород во зградата на Инфективниот оддел, какошто знаете тоа ни беше сериозен проблем во текот на изминатата година, со справување со коронакризата. Така да ќе биде поставен и централен довод за кислород, кој ќе биде поврзан со цистерната за течниот кислород и ќе биде доведен буквално до секој болнички кревет, рече Ѓеорѓијев. Во моментот, хоспитализирани се 10 пациенти со коронавирус во модуларната болница, а од нив пет се на постојана кислородна поддршка. Штипската модуларна болница има капацитет за 47 пациенти, а доколку во наредните два месеци се појави поголем број на пациенти на кои им треба болнички третман ќе бидат преземени од соседните болници, со цел непречено да заврши реконструкцијата на Инфективното одделение. вдј/цр

Остани поврзан