• среда, 25 декември 2024

Почна расчистувањето на дива депонија кај шарпланинското село Вешала како дел до кампањата „Генералка викенд“

Почна расчистувањето на дива депонија кај шарпланинското село Вешала како дел до кампањата „Генералка викенд“

Тетово, 15 мај 2024 (МИА) - Специјалци од Армијата и Полицијата, алпинисти беа дел од денешната акција за подигање на фрлениот отпад во дол во близина на шарпланинското село Вешала каде е формирана дива депонија. Оваа активност е дел од кампањата „Генералка викенд, серија на еколошки акции кои почнаа од 2021 година и ќе траат до 2031 година низ целата држава.

- Од 15 до 17 мај имаме специјална акција на Шар Планина каде ќе чистиме во селото Вешала со НП Шар Планина, со ЦУК, со специјална единица од МВР и Армијата. Ќе чистиме дива депонија и потоа Саубермахер компанијата ќе постави контејнери за да се спречи неправилното одлагање отпад во иднина. Бидејќи ќе тераме до 2031 година ќе ги вклучиме и селата Бозовце и Бродец каде што има диви депонии за да Шара биде комплетно чиста, изјави Гордана Софија од организацијата на „Генералка викенд“.

Акција „Генералка викенд“ ќе се одржува и во рамки на 81 општина од 17 до 19 мај.

- Наша земја е Саудиска Арабија на отпад. Саудиска Арабија за отпад значи многу отпад, а тој отпад вреди. Во некои рурални средини не се собира и го одложуваат отпадот во долови, реки, планини, шуми. Луѓето треба да бидат свесни дека не ја загадуваат животната средина, таа ќе опстане, меѓутоа го загадуваат сопственото здравје, изјави Гордана Софија. 

Затоа, како што рече таа, ја создале „Генералка викенд“ за заедно со сите граѓани, сите слоеви на општеството без разлика на припадност, здружено да ја исчистат нашата татковина во која сите живееме, бидејќи кога самите ќе исчистат не валкаат така лесно.

- Се почнува со свесноста на луѓето. Кога дојдовме овде човек еден извади вреќа со смет од неговото возило и ја фрли во реката. Тој возеше кон Тетово, па зошто не ја однесе вреќата за да ја фрли во канта за отпадоци. Ова е нешто што го нема во другите земји, сме го имале пред 30-40 години кога немаше систем но градиме систем тука со МЖСПП, со многу напор од приватен сектор, компании кои го помагаат системот со кој се обидуваме да го смениме размислувањето на луѓето, изјави Ханес Јаекел, кој заедно со Гордана Софија ја организираат Генералка викенд.

Во еколошките акции во 81 општина организаторите очекуваат вклученост на над 20 илјади волонтери, од кои 350 училишта, над 400 здруженија, организации, спортски асоцијации, Национален парк Шар Планина, ЦУК, СОС Детско село, Црвен крст и други. ас/дма/


фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан