• среда, 13 ноември 2024

Почна пролетното озеленување на јавните површини во Кочани

Почна пролетното озеленување на јавните површини во Кочани
Кочани, 13 март 2021 (МИА) - Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ почна пролетна акција за озеленување на јавните површини во градот. Од денеска па во наредниов поволен период етапно ќе се засадат околу 300 садници на повеќе локации, при што дел се нови зелени површини, а дел ќе биде замена на оштетените стебла. Акцијата почна со озеленување на површини во централното градско подрачје. -Се засадуваат висококвалитетни садници од видот туја смарагд, каталпа нана, бреза и јавор покрај детските игралишта, во малите паркови и пред општинската зграда. Со оглед на зачестеното оштетување на урбаната опрема и на зелените површини во градот, упатуваме повик до граѓаните да се грижат за уредените зони. Нашиот апел е едноставен: Ако не можете да го одржувате зеленилото, барем не уништувајте го, истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани. Пролетната акција за озеленување и засадување нови дрвја е уште една од мерките за почист воздух во градот, а што е планирана со Програмата за заштита на животната средина. Садниците се обезбедени со јавна набавка, со средства од општинскиот буџет. та/ац/

Остани поврзан