• четврток, 26 декември 2024

Почна поставување бекатон на улици во централно градско подрачје во Куманово

Почна поставување бекатон на улици во централно градско подрачје во Куманово

Куманово, 14 ноември 2023 (МИА) - Почна поставување на бекатон на улиците „Васил Главинов“ и „Крсте Мисирков“, информираа денеска надлежните од Секторот за комунални дејности од општина Куманово.

Двете улици со години немаа никаква инфрструктура и жителите се жалеа на неможност за пристап до главните улици. Улиците се дел од месната заедница „11 Ноември“ и се наоѓаат во близина на Итна помош - Куманово

- Во овој дел улиците се потесни, со поставување на бекатон ќе се обезбеди соодветен пристап до куќите, до централните улици, изјави помошникот раководител на одделението Момчило Јовановски.

Наскоро почнува поставување на бекатон и на „Вуковарска“ каде веќе се подготвува теренот. Екипите на избрана градежна компанија се на терен.

Општина Куманово одвои околу десет милиони денари за поставување на бекатон во Куманово. За поефикасно изведување на градежните работи поради големината на градот, избрани се две компании за источната и западната зона кои ќе поставуваат бекатон на краци од улиците од централно градско подрачје и во приградските населби. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан